Во оваа епизода од серијалот „Гледна точка – ViewPoint: Вагање на страдањето“ младите од регионот отвораат прашање кое често се смета за табу: Дали признавањето на туѓите жртви автоматски го намалува значењето на страдањето на сопствениот народ?
Помеѓу стравот од „предавство“ и потребата за човечко сочувство, учесниците од Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска и Србија ги споделуваат своите размислувања за тоа како се научени да гледаат на жртвите на „другата страна“. Ги слушаме нивните ставови за вкоренетите наративи кои нè убедуваат дека во емпатијата постои победник и поразен.

