Со задоволство ги покануваме научниците и стручни лица на почетокот и средината на кариерата, особено историчарите, како и истражувачите, едукаторите и експертите од сродните области да учествуваат на претстојната меѓународна конференција:
„Насилството во историјата на Југоисточна Европа: искуства, сеќавања и начини на претставување“
(Violence in History: Experiences, Memories, and Representations in Southeast Europe)
Конференцијата ќе собере учесници од 13 земји од Југоисточна Европа (Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грција, Косово, Косово, Кипар, Црна Гора, Романија, Србија, Словенија, Хрватска и Турција) со цел размена на знаења и искуства за оваа исклучително важна тема.
На конференцијата можете да учествувате во согласност со вашите интереси и афинитети. Можете да го претставите вашиот истражувачки труд, да учествувате во тематски дискусии и дебати, или да разменувате искуства и да ја искористите можноста за запознавање и вмрежување.
Детали за конференцијата:
Конференцијата ќе се одржи од 24 до 26 септември 2026 година на Универзитетот Пантеон во Атина. Оваа можност е отворена исклучиво за научници, истражувачи и стручњаци од 13 земји од Југоисточна Европа кои се на почетокот или средината на својата кариера. Организаторот целосно ги покрива сите трошоци за учество, вклучувајќи ги патувањето и сместувањето. Работен јазик на конференцијата е англискиот.
Како да се пријавите:
Заинтересираните кандидати треба да ја испратат својата пријава на е-маил адресата: info@jointhistory.net
Пријавата треба да содржи:
-
Кратка биографија (CV).
-
Кратко мотивационо писмо (од 100 до 200 зборови) во кое објаснувате зошто сте заинтересирани за учество на конференцијата.
Рок за пријавување:
Рокот за поднесување на пријавите е 10 јуни 2026 година.
Напомена: Пријавите ќе бидат разгледувани веднаш по пристигнувањето. Топло препорачуваме да ја испратите вашата пријава што е можно поскоро.
Упатуваме посебна благодарност до Фондацијата „Фридрих Еберт“ (ФЕС), која овозможи учество на дополнителни 15 учесници на почетокот и средината на кариерата. Меѓународната конференција “Violence in History: Experiences, Memories, and Representations in Southeast Europe” е дел од проектот „History for the Future“, финансиран од Сојузното министерство за надворешни работи на Германија, а спроведен од Европскиот фонд за Балканот (ЕФБ).
Се радуваме на вашите пријави и на средбата во Атина!


