Кои сме ние

Книгите за заедничка историја (JHB) претставуваат пионерска шесттомна збирка која содржи автентични историски извори од 13 земји од Југоисточна Европа. Наместо да создаваме историографски анализи, фокусирани сме на претставување на изворите заедно со различни перспективи. Целта на JHB е да промовира мултиперспективен пристап и критичко размислување во училиштата низ целиот регион.

Нашите материјали ги оспоруваат лажните наративи, дискриминацијата и предрасудите, помагајќи во градењето на поинклузивни и подемократски општества.
од 13 земји во Југоисточна Европа.
Тие го опфаќаат периодот од Отоманската империја до 2008 година.
Добитници на наградата

Создавање заеднички учебници по историја (документарен филм)

Соработниците вклучени во проектот дискутираат за создавањето на заеднички учебници по историја повеќе од две децении.

ШТО ПРАВИМЕ

Ги опремуваме наставниците и учениците со алатки за анализа и дебата за националните историски наративи. Содржината е од илустративна природа, избегнувајќи конечни толкувања. Наместо тоа, томовите користат компаративна рамка дизајнирана да го олесни самостојното историско истражување.

Овој пристап поттикнува критичко размислување не само за минатото, туку и за сегашноста и иднината.

Овие книги беа водечката програма на Центарот за демократија и помирување во Југоисточна Европа (ЦДРСЕЕ), невладина организација со седиште во Солун, посветена на изградба на демократски и ненасилни општества. И покрај успешноста на проектот, ЦДРСЕЕ беше принуден да ги прекине своите активности во 2019 година поради недостаток на финансиски средства. Благодарение на Европскиот фонд за Балканот (ЕФБ), книгите се повторно достапни за јавноста. ЕФБ ја препознава нивната вредност не само во историографското образование, туку и во поттикнување на дијалогот, критичкото размислување и повеќедимензионален пристап кон образованието во Југоисточна Европа.

Меѓу 1998 и 2016 година, историчари и наставници од Југоисточна Европа учествуваа во изработката на овие шест книги, кои ги покриваат периодите од Османлиската Империја до 21-от век. Првите четири книги беа објавени на 11 јазици, додека останатите две на четири јазици. Комитетот за историско образование на ЦДРСЕЕ, составен од повеќе од 100 историчари и 300 наставници од сите земји на регионот, внимателно ги избираше изворите и содржината за книгите, со цел да осигура дека историјата ќе биде претставена од различни перспективи.

Овие книги се наменети за користење и се создадени во соработка со историчари и наставници од сите делови на Југоисточна Европа: Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Кипар, Грција, Косово, Црна Гора, Романија, Северна Македонија, Словенија, Србија и Турција.

Вкупно 2000 наставници учествуваа во проектот, допирајќи до преку 500000 ученици со наставни материјали. Учебниците беа преведени на 12 јазици, со што станаа достапни за широка публика низ целиот регион. Сано во 2017 година, учебниците биле преземени 74000 пати, што го покажува нивното значително влијание и широка употреба.

УЧЕТЕ И ИНСПИРИРАЈТЕ

ИЗБЕРЕТЕ ЈА КНИГАТА

СЛЕДЕТЕ НÈ

Веруваме дека е важно да ја направиме историјата достапна и интересна за сите. Нашата цел е да поттикнеме разговор со помладите генерации,  да им помогнеме да се справат со историските заблуди и да промовираме понијансирано разбирање на историјата. Следете нѐ на разни платформи.

Избираме да ја претставиме нашата работа на платформите на социјалните мрежи за да допреме до нова, дигитална публика.

МИСЛЕЊА

Ова е потфат, трае веќе речиси три децении. А светот во текот на овие три децении неверојатно се промени. Ние пред три децении ретко користевме персонални компјутери, а интернетот беше во пелени. Мене ме загрижува дали она за што размислувавме и пишувавме може да се преточи во ова сегашно време, во таканаречените социјални мрежи, во нови облици на изразување. И мислам дека мојата генерација веројатно повеќе не успева во тоа. Затоа би се радувал ако младите луѓе – сите млади луѓе – ја преземат оваа идеја, овој потфат, ако ја променат, ја прилагодат, но и ако се изразат себеси преку темелите врз кои го изградивме овој проект, а тоа е уважување на шаренилото кое постои во размислувањето, во постоењето, во планирањето на иднината.

Значи, тоа е мојата најголема желба: да дојдат млади луѓе и да го преземат ова.

Душан Рељиќ

Бевме историчари, ја сакавме историјата, посакувавме општествата да се променат на подобро. Верувавме дека историјата може да биде средство за промена на светот – и тоа го посакувавме: да го промениме светот. Дури и денеска, колку поминаа, 30 години? Дури и денеска веруваме дека тоа е благородна цел за која вреди да се бориме.

За жал, од тогаш… и според заклучоците до кои дојдовме тогаш, изгледа дека нештата не се промениле многу. Сѐ уште постојат проблеми во училиштата – со учебниците, со начинот на кој се предава историјата, со дискурсот околу историјата, кој и понатаму е многу националистички. Но, најмногу од сѐ, децата не сакаат историја.

Значи, очигледно нешто правиме погрешно. Можеби е време сите заедно да ги здружиме силите за да го промениме тоа.

Кристина Кулури

Мислам дека овој проект е важен од повеќе причини. Една од нив е дека низ овие 30 години, колку што трае проектот, се зближивме меѓусебно ние кои работевме на него и создадовме една микро заедница на историчари од регионот која многу добро функционира, не само професионално, туку и се спријателивме во тој период. Мене лично тоа би ми бил најважниот дел од проектот. Но, секако, проектот е важен и поради влијанието што го има со своите резултати, бидејќи мислам дека сепак успеавме да поврземе и голем број наставници по историја од целиот регион, дека тие наставници сега поинаку гледаат на историјата, дека се свесни за потребата за споредување, значи не само за толкување на сопствената историја, туку и за споредување со историите на соседните земји, за да се види кои се заедничките искуства, а кои различни искуства.

И на крајот, очекувам сето тоа да има влијание и врз учениците на кои тие наставници им држат настава. Тоа е веројатно малку тешко да се измери, но јас навистина се надевам дека овој проект и на тој начин оставил голема трага во сите земји што се вклучени во него.

Невен Будак

Ја завршивме читанката со периодот по Студената војна до 2008 година, што значи дека се занимаваме со најосетливата тема од сите работни читанки кои направивме досега – затоа што тие процеси сѐ уште не се завршени, затоа што сѐ уште не знаеме што ќе се случува со границите, бидејќи некои сакаат тие граници да не останат онакви какви што се сега. Затоа што немаме доволно извори, бидејќи трагите се сѐ уште многу лични и чувствителни.

И тука мораме да бараме некаква рамнотежа – рамнотежа во отворената расправа во училницата, но и рамнотежа во односот кон политиката, особено затоа што во меѓувреме се создадоа нови држави, млади држави, во текот на самиот процес на создавање на овие работни читанки. Овие држави гледаат кон историјата од денешна перспектива. И тогаш е тешко да се објасни што е, всушност, вистинската историска рамка.

Мислам дека тоа ќе биде еден од најголемите предизвици, особено сега кога преминуваме на модерни визуелни методи – еден од најголемите проблеми со кои ќе мораме да се соочиме.

Божо Репе