Книгите се единствена колекција на историски извори од сите земји, составени за студенти и учители по историја. Нивната главна цел е да покажат дека секоја приказна има повеќе точки на гледиште, поддржувајќи критичко размислување и развивајќи разбирање за тоа како се прави историјата. Во книгите за заедничка историја ништо не е табу – тие вклучуваат сѐ, од политичкото лице на диктаторството и репресијата до кризите на 70-ите и 80-ите, и распадот на Југославија.
Комитетот за историско образование на ЦДРСЕЕ, составен од соработници од сите земји од регионот, идентификуваше извори и содржина за изработка на книгите, осигурувајќи дека се претставени повеќе гледишта. Над 100 историчари и 300 учители беа вклучени во составувањето на овие книги.
Давајќи важен придонес во исправноста и урамнотеженоста, книгите беа прегледани и коментирани од шест читатели: Проф. Роберт Страдлинг (Robert Stradling), Проф. Марија Тодорова, Проф. Петер Водопивец (Peter Vodopivec), Иван Вејвода (Ivan Vejvoda) Проф. Андреас Деметриу (Andreas Demetriou) и Проф. Флориан Бибер (Florian Bieber).
ИСТОРИСКА ЧИТАНКА 1.
ИСТОРИСКА ЧИТАНКА 2.
ИСТОРИСКА ЧИТАНКА 3.
ИСТОРИСКА ЧИТАНКА 4.
Неговото знаење, неуморен труд, ентузијазам и поддршка беа клучни за овие книги да ја здогледаат светлоста на денот, започнувајќи една нова ера на повторно читање на историјата, со согледување на нашиот сопствен багаж од предрасуди, недостиг на емпатија и разбирање. Господин Карас беше олицетворение на многу доблесни особини. Беше спој на знање и голема страст, секогаш подготвен да се соочи со предизвиците што се на патот кон обезбедувањето на демократијата и коегзистенцијата на нациите.