Завршната епизода од нашиот серијал „Гледна точка – ViewPoint: Кој ќе се извини прв“ се занимава со маѓепсаниот круг на чекање на „туѓото извинување“. Помеѓу „нашите жртви“ и „нивните злосторства“ е создаден простор во кој чинот на прифаќање одговорност за злосторствата се смета за предавство на сопствената држава и нација. Низ своите опсервации и ставови, учесниците од Босна и Херцеговина, Хрватска, Србија и Црна Гора зборуваат за тоа како тие го гледаат ова прашање, преиспитувајќи што се крие зад инсистирањето на туѓо извинување.

JointHistory Channel е посветен на современото, методолошко изучување на историјата. Заснован на пионерската работа на стотици историчари и едукатори ширум Југоисточна Европа, овој канал го оживува минатото преку динамични видео-лекции, студентски дебати и разговори со стручњаци кои ѝ ја приближуваат историјата на пошироката јавност на научни и модерни основи.