Меѓународна конференција во Подгорица, Црна Гора
Меѓународната конференција „Граници во Југоисточна Европа: географија или имагинација?“, која ќе се одржи во Подгорица од 16 до 18 мај 2025 година, претставува важен настан во рамките на речиси триесетгодишната иницијатива Заеднички историски проект (ЈХП) и го истакнува значењето на нејзината нова фаза – ЈХП 2.0
На овој собир, кој ќе се занимава со природата, улогата и трансформацијата на границите во регионот, ќе учествуваат угледни историчари од цела Југоисточна Европа.
Границите – географски, политички, културни, етнички и симболички – длабоко се поврзани со идентитетот. Наставата по историја обликува идентитети, а идентитетите честопати обликуваат судири.
Во време кога европските интеграции остануваат стратешка цел, регионот и понатаму се соочува со фрагментација: се појавуваат нови граници, бројните спорови остануваат нерешени, а внатрешните поделби се продлабочуваат. „Меките“ граници – административни, јазични и етнички – одново се исцртуваат, честопати дополнително влошувајќи ги постоечките тензии. Истовремено, нерегуларните миграции преку границите на Југоисточна Европа предизвикуваат политички реакции и контроверзии.
Целта на оваа конференција е да истражи како историјата може да помогне во разбирањето на сегашноста и во обликувањето на иднината. Во колкава мера Југоисточна Европа го надминала идентитетскиот нагон за разграничување? Дали се надминуваат реалните и имагинарните граници – или одново се појавуваат? Што може да се направи, особено ако целта за европско проширување стане нереална?
Програмата на конференцијата е достапна овде: Agenda International-Conference
Следете нѐ за повеќе информации од Подгорица.