Наградата за мир, која ја доделува Европскиот центар за мировна наука (CESPIC) со поддршка на Фондацијата „Наша Госпа од Добриот Совет“ и во соработка со Опсерваторијата за Балканот, Кавказот и Трансевропа (OBCT/CCI), оваа година му припадна на Проектот за заеднички историски читанки за долгогодишната образовна улога во унапредувањето на меѓусебното разбирање и процесот на помирување.
Огромна чест и големо задоволство ни е што оваа награда ни припадна токму нам, како знак на почит и признание за нашата повеќедецениска работа и посветеност.
Оваа награда за првпат во Албанија ја доделува Европскиот центар за мировна наука (CESPIC) заедно со споменатите партнери. Свечената церемонија за доделување на наградата ќе се одржи на 11 март на Католичкиот универзитет „Наша Госпа од Добриот Совет“ (UniZKM) во Тирана, на која ќе говорат директорката на JHP Ѕвездана Ковач и проф. Кристина Кулури (Christina Koulouri), главна координаторка на Проектот и генерална уредничка на Заедничките историски читанки.
Препознавањето на оние кои секојдневно работат на поврзување на заедниците ја претставува самата суштина на вредностите на Joint History Project, додека ваквите настани силно придонесуваат за зацврстување на културата на дијалог, доверба и разбирање.
Повеќе информации за настанот се достапни на веб-страницата на универзитетот UniZKM.

