На 6 февруари, емисијата „Pa kufij“ („Без граници“) беше целосно посветена на проектот Историја во дигиталната ера / Проектот кој има за цел да ги редимензионира учебниците по историја во земјите од Западен Балкан и Југоисточна Европа.
Во Тирана гостуваше проф. Валентина Дука, во Скопје проф. Зеќир Кадриу, во Приштина проф. Ментор Хасани, а во Подгорица Сабит Курти.
Разговорот беше организиран на начин да обезбеди преглед на целта и организацијата на проектот, како и на неговите резултати.
Разговорот се емитува на онлајн мрежите на соодветните јавни радиостаници во четирите држави од регионот.
„Pa kufij“ е неделна радио емисија помеѓу четири јавни радиостаници во Тирана, Скопје, Приштина и Подгорица. Се емитува секој четврток од 16:30 до 17:30 часот.
Оваа епизода можете да ја слушнете овде: