Намерата ни е на ова место да собереме и да систематизираме различни публикации кои се занимаваат со современите методологии во пишувањето и предавањето историја. Овој дигитален репозиториум има цел да креира простор за размена на различни пристапи и методи, со акцент на иновативни и критички ориентирани пристапи што вклучуваат мултиперспективност, употреба на дигитални алатки и технологии, како и интеграција на нови теориски рамки во проучувањето и предавањето историја.
Репозиториумот е отворен за сите кои сакаат да дадат придонес во собирањето материјали што се занимаваат со истражување и предавање историја, па ги повикуваме сите заинтересирани да дадат придонес така што ќе испратат свои материјали, истражувања и публикации кои ги сметаат за значајни за оваа тема.