Книгите се единствена збирка историски извори од сите земји, составени за студенти и наставници по историја.

Овие книги беа централната програма на Центарот за демократија и помирување на Југоисточна Европа (ЦДРСЕЕ), регионална и насочена на влијание НВО со седиште во Солун која настојуваше да поттикне демократски, плуралистички и мирољубиви општества во Југоисточна Европа. И покрај тоа што ја произведе една од најуспешните програми воопшто, ЦРРСЕЕ беше принудена да се затвори поради недостаток на средства.

На инцијатива на Европскиот Фонд за Балкан (ЕФБ), преку подршка во создавањето и одржувањето на овој вебсајт, овие книги повторно и се достапни на јавноста.

ЕФБ ја препозна вредноста на овие книги како важна алатка не само во изучувањето на историјата, туку и за негувањето на културата на дијалог и различните начини на мислење. Заедничките историски читанки може да бидат излез од еднодимензионалниот едукативен систе во регионот на Североисточна Европа и тие имаат потенцијал да поттикнат размна на различни перспективи и искуства.

МЕТОДОЛОГИЈА

Авторите беа водени од идејата да се соберат и претстават историски извори и разнолични толкувања и гледишта проектирани од самите извори, наместо историографско дело. Тие, на ниту еден начин, не упатуваат на објективноста или автентичноста на изворите.

Целта е едноставно да се демонстрира. Овие книги, со други зборови, го применуваат компаративниот метод и мултиперспективниот пристап.

АВТОРИ

Исклучителен придонес во создавањето на овие книги дадоа Коста Карас (Costa Carras), известувач на ЦДРСЕЕ во Одборот за проектот за заедничка историја и Проф. Кристина Коулоури (Christina Koulouri), генерална координаторка и уредничка на серијата. За неуморниот труд и посветеност, благодарност оди до уредниците: Проф. Дубравка Стојановиќ (Dubravka Stojanovic), Проф. Халил Берктај (Halil Berktay), Проф. Богдан Мурџеску (Bogdan Murgescu), проф. Мирела Луминита Мурџеску (Mirela Luminita Murgescu), Проф. Валери Колев (Valery Kolev), Г-дин. Крешимир Ердеља (Kresimir Erdelja), Проф. Невен Будак (Neven Budak), Проф. Алексеј Калионски (Alexei Kalionski), Проф. Божо Репе (Božo Repe), Драгутин Поповиќ, Нијази Кизиљурек (Niyazi Kızılyürek). За успехот на проектот пресудни беа неуморните напори на претседателите и членовите на Одборот на директори – Метју Нимиц (Matthew Nimetz), Ричард Шифтер (Richard Schifter), Ерхард Бусек (Erhard Busek), Ханес Свобода (Hannes Swoboda), Никос Ефтимиадис (Nikos Efthymiadis), Ригас Целепоглу (Rigas Tzelepoglou), Сашо Орданоски, Душан Рељиќ (Dusan Reljic), Селџук Ерез (Selcuk Erez), како и двајцата тогашни извршни директори, Ненад Шебек (Nenad Šebek) и Звездана Ковач (Zvezdana Kovač).

Давајќи важен придонес во исправноста и урамнотеженоста, книгите беа прегледани и коментирани од шест читатели: Проф. Роберт Страдлинг (Robert Stradling), Проф. Марија Тодорова, Проф. Петер Водопивец (Peter Vodopivec), Иван Вејвода (Ivan Vejvoda) Проф. Андреас Деметриу (Andreas Demetriou) и Проф. Флориан Бибер (Florian Bieber).

IN MEMORIAM

Коста Карас, основачот и креатор на изворната идеја за Заедничките историски читанки почина само неколку недели пред промоцијата на овој вебсајт.

Неговото знаење, неуморен труд, ентузијазам и поддршка беа клучни за овие книги да ја здогледаат светлоста на денот, започнувајќи една нова ера на повторно читање на историјата, со согледување на нашиот сопствен багаж од предрасуди, недостиг на емпатија и разбирање. Господин Карас беше олицетворение на многу доблесни особини. Беше спој на знање и голема страст, секогаш подготвен да се соочи со предизвиците што се на патот кон обезбедувањето на демократијата и коегзистенцијата на нациите.

Почивај во мир, господине Карас. Им остави непроценлива алатка на младите генерации, кои пред се, треба да се стремат да бидат добри луѓе.