Историја во дигиталното доба: промовирање на демократски вредности и критичко размислување во Југоисточна Европа
Врз основа на значајната работа на стотици историчари и наставници од Југоисточна Европа во периодот од 1998 до 2016 година, кога создадоа работни книги на единаесет јазици што опфаќаат периоди од Отоманската Империја до Студената војна и Транзицијата во Европа, ова продолжение има цел да привлече млада и нова публика во дигиталната сфера.
ПЗИ 2.0, исто така, ќе продолжи да го мобилизира знаењето и креативноста на историчарите и наставниците, на уметниците и новинарите и на сите други кои сакаат да промовираат демократска политичка култура во југоисточна Европа. Планот е да се создаваат објави на социјалните мрежи, видеа, стрипови, статии, академски студии и низа други содржини со цел да се поттикне љубопитност, емпатија и критичко размислување за историјата.
За пролетта 2025 година е закажана научна конференција во врска со концептот на границите во Југоисточна Европа. Централна тема на овој состанок ќе биде дали регионот се еманципирал од нагонот кон демаркација и партикуларизам.
Проф. Кристина Кулури од Атина продолжува да раководи со научната работа на ПЗИ. Дитмир Бушати, поранешен министер за надворешни работи на Албанија, претседава со „Пријатели на ПЗИ 2.0“ – група составена од академици, дипломати и активисти на граѓанското општество во Југоисточна Европа, кои веруваат дека овој проект треба да допре до што повеќе луѓе, а особено до младата генерација.
За дополнителни информации, ве молиме контактирајте со Звездана Ковач, лидер на тимот на ПЗИ 2.0, на zvezdana.jhp@gmail.com.
Овој проект беше овозможен со финансиска поддршка на германското федерално министерство за надворешни работи