Teach Complexity,
Not Certainty
“History isn’t black and white — it thrives in the grey.”
Нашата цел е да ги охрабриме учениците да се соочат со двосмисленоста, контрадикторните наративи и суштинската комплексност на историјата така што негуваме критичко размислување, емпатија и длабоко разбирање за градењето на историските наративи. Се стремиме да создадеме средина во која учениците не се само приемачи на знаења од областа на историјата, туку и ангажирани учесници преку прашања, интерпретации и извлекување на значења од минатото.

Биди наставник кој не само што предава – туку и инспирира.
Не се задржувајте само на пренесување информации за да поттикнете љубопитност, страст и цел кај вашите ученици.
Создадете училница во која прашањата се ценат исто колку и одговорите, каде што вашите ученици се охрабрени да поставуваат тешки прашања како дел од потрагата по знаења и каде што секој ученик чувствува дека неговиот став е виден и слушнат.
Инспирирајте ги преку примери за мултиперспективност, преку поврзување на лекциите со реалниот свет и со реалните искуства, и преку охрабрување на учениците да размислуваат критички и со емпатија.
Вашето влијание нема да се мери само со резултати на тестовите, туку и со тоа колку ученички животи сте допреле и на колку умови сте им помогнале подобро да ги разберат предизвиците на современите општества.
Веруваме дека нашите книги и материјали многу ќе помогнат во тоа.
Ако ви е потребна каква било помош од нашите историчари, ве молиме слободно да нe контактирате на jointhistoryproject@gmail.com